Top Sport

Матеус Фернандеш преку мејл дознал дека повеќе не е играч на Барселона

Барселона пред неколку дена ја раскина соработката со Матеус Фернандеш. За овој фудбалер, Барселона во 2020 година на Палмеирас им плати седум милиони евра. Фернандеш имаше договор со Барселона до јуни 2025 година.

Матеус Фернандес, не успеа да му се наметне на тренерот Роналд Куман. Минатата сезона тој само 17 минути и тоа против Шахтјор во Лигата на шампионите.

Клубот му дозволи да замине без обесштетување.

Интересно, Барселона на фудбалерот, преку електронска пошта му соопштила дека ја раскинале соработката.

Scroll to Top