Top Sport

Матеус: Јувентус веќе не е доминантен

Поранешниот играч на Интер, германската легенда Лотар Матеус вели дека Јувентус веќе не се тимот кој ја контролираше Серија А во последните неколку години.

„Бјанконерите“ во осминафиналето на ЛШ ќе се сретнат со Тотенхем, и во колумна за британскиот „Сан“, Германецот даде своја оценка за италијанските шампиони.

„Јувентус не се истиот тим кој ја контролираше Серија А. Можеби сега другите тимови се подобрени, но мислам дека загубија нешто екстра во одбраната. Не е исто кога во тимот ги нема Дани Алвеш и Леонардо Бонучи. Посебно Бонучи, кој беше лидер во одбраната и ги држеше работите во свои раце. Без него, овој тим ја нема суштината, додека на голот Џиџи Буфон веќе не е најмлад. Тоа е добра вест за Хери Кејн и Маурисио Покетино“, вели Матеус.

Scroll to Top