Top Sport

Матеус: Сега знам како се чувствуваа Англичаните толку години

Легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус беше апсолутно безмилосен кон германските репрезентативци по шокантниот пораз од Јужна Кореја (2:0) и испаѓањето по групи во најлош пласман на Германија на едно СП од 1938 година.

Матеус, кој го освои Мундијалот во 1990 година, а исто така беше и европски шампион со Западна Германија во 1980 година, вели дека сегашниот состав целосно го заслужил поразот и верува дека Германија е во позиција во која беше Англија во минатото.

„Сега, помалку дознавам какво било чувството да се биде навивач на Англија толку многу години. Но, во Германија, ние не смееме да се жалиме. Завршивме со пласман каков што заслужувааа перформансите. Можеби бевме мрзеливи, можеби само арогантни. Сонцето светеше силно за Германија последните години, но сега е сиво со дожд. Никогаш не сум видел германска репрезентација која игра толку лошо три натпревари во низа. Воопшто не ги препознавав. Дома луѓето се разочарани и изенадени, но јас не сум лут на елиминацијата, туку на тоа како си заминавме. Додека Јоаким Лев ќе остане како селектор, ова треба да биде крај на генерацијата која ја освои титулата во 2014 година“ , вели Матеус во својата колумна во англискиот таблоид „Сан“.

Матеус, кој претходно го критикуваше посебно Месут Озил, сега вели дека за него не треба да има место во репрезентацијата, заедно со низа други фудбалери, како голманот Мануел Нојер.

„Не го сфаќам Јоаким Лев. Ги остави Месут Озил и Сами Кедира на клупата против Мексико и игравме малку подобро. Но, двајцата се вратија повторно против Кореја? Зошто? Поради лојалноста, бидејќи пред четири години му ја донесоа титулата. Но, тие не се играчите кои беа тогаш. Кога го гледам Озил не го гледам фудбалерот кој бев навикнат да го следам. Истото е и со Кедира. Озил мора да оди, Кедира исто така, Матс Хумелс и Мануел Нојер сигурно“, додава Матеус.

Scroll to Top