Легендата на Баерн Минхен, Лотар Матеус смета дека Ерлинг Халанд е неверојатен фудбалер и дека е само на прашање на време кога 20-годишниот Норвежанец ќе замине во поголем клуб од Борусија Дортмунд.
Халанд е атракција во Бундеслигата по пристигнувањето на „Вестфален“ од Ред бул Салцбург пред една година, со неверојатни 35 гола во 34 настапи за „милионерите“ и Матеус повторно го искажа своето воодушевување од неговите квалитети.
„Халанд е лицето на Борусија Дортмунд и мислам дека уште не го достигнал својот максимум. Има животен план кој е целосно фокусиран на фудбалот. Тој е машина. Како ураган кој те носи. Сензационално за некој кој има само 20 години. Во иднина ќе игра за некој од најголемите клубови на светот, но се надевам дека Дортмунд и Бундеслигата ќе ужива во неговите голови уште неколку години. Тоа што го прави со величината, брзината, страста е лудило. Технички е поткован. Неверојатен е“, вели Матеус.