Top Sport

Матијас Погба: Мурињо никогаш не веруваше во Пол

Постариот брат на фудбалерот Пол Погба, Матијас, упатил жестоки критики до Жозе Мурињо. Матијас смета дека Мурињо секогаш сакал да биде главниот и дека не верувал во можностите на Пол Погба.

„Без сомнение проблемот беше Муињо“, рекол фудбалерот на Тур, Матијас Погба, со напомена дека играта на Манчестер Јунајтед под водство на Мурињо била под нивото на еден голем клуб.

„Жозе се обидува да биде маестро, секогаш сака да е во центарот на вниманието. Тоа не му одговараше на пол. Мојот брат само сакаше да го почитува и да му верува. Тоа не беше така и поради тоа играше лошо на големите натпревари“, рекол постариот од браќата Погба.

Ова тврдење на Матијас Погба е поткрепено со одличните игри на Пол откако Мурињо замина од Манчестер Јунајтед. Во првиот месец под водство на новиот тренер Оле Гунар Солскјер, Пол Погба, забележал учинок од четири гола и три асистенции.

Scroll to Top