Top Sport

Матиќ го пропушта почетокот на сезоната

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ, бил опериран во САД, поради што ќе го пропушри почетокот на новата сезона. Менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, рекол дека, Матиќ се повредил настапувајќи за Србија на Светското првенство.

Португалецот потврдил дека Матиќ ќе паузира неколку недели, но не прецизирал кога точно Србинот ќе се врати во натпреварувачки ритан.

„Дојде од Мундијалот повреден, а времето што го доби за одмор не беше доволно за да го реши проблемот. Не знам колку точно ќе биде отсутен“, рекол Мурињо.

Матиќ за Србија одигра три натпревари на СП. Тој на тимот му се приклучи во САД на 22.јули, тренираше со екипата, но не настапи на пријателскиот мел против Милан (1:1) во средата.

Манчестер јунајтед, во саботата, убедливо загуби од Ливерпул (4:1), а по мечот Мурињо соопшти дека Матиќе бил опериран.

„Црвените ѓаволи“ на 5.август го играат натпреварот против Баерн, а потоа ќе ја започнат сезоната во Премиер лигата против Лестер на 10.август.

Scroll to Top