Немања Матиќ и Лук Шо не се во експедицијата на Манчестер Јунајтед која утре ќе пристигне во Белград, каде ден подоцна „црвените ѓаволи“ ќе играат против Партизан во Лига Европа.
Српскиот и англискиот репрезентативец не беа во составот на Јунајтед ниту во неделата, во дербито со Ливерпул (1:1). Двајцата играчи се повредени поради што менаџерот Солскјер не може да смета на нив.
„Скај Спорт“ објави дека Солскјер во договор со клубот решил да ги испрати Матиќ и Шо на рехабилитација во Дубаи, каде што минатата недела бил и Пол Погба.
Прогнозите се дека топлото време во Дубаи ќе о забрза процесот на рехабилитација.