Top Sport

Матиќ: Марсијал може да биде еден од најдобрите светски напаѓачи

Манчестер Јунајтед игра одлично по продолжението на сезоната која беше прекината поради пандемијата на коронавирусот. Еден од најдобрите во екипата од „Олд Трафорд“ е голгетерот Ентони Марсијал (24).

Французинот на последните 6 меча постигна 5 гола надополнети со 2 асистенции. Вкупно сезонава има скор од 21 гол, што му е најдобар учинок уште откако е дојден од Монако, во 2015 година.

Неговиот соиграч, српскиот интернационалец Немања Матиќ со пофални зборови за него.

„Добар меч кај еден играч не доаѓа туку така, тоа е последица на вредна работа. Во последните година, година ипол го гледам Ентони како вредно работи и како ја подобрува својата игра, од секој аспект. На тренинзите се бори за секоја топка. Дури и кога немаме топка, тој се обидува да се брани. Ако продолжи вака ќе биде еден од најдобрите светски напаѓачи. Млад е, се уште може да напредува, времето работи за него, само нека продолжи вака“ рече Матиќ за францускиот напаѓач.

Јунајтед на 3 кола до крајот на ПЛ грчевито се бори за влез во ЛШ. Синоќа двата бода им побегнаа во 96 минута (со Саутемптон 2-2), а задутре ги очекува гостување кај Кристал Палас.

Јунајтед моментно е петти со 59 бода колку има и Лестер на четвртата позиција, додека трет е Челси со 60 бода.

Scroll to Top