Top Sport

Матиќ на радарот на Јуве, Милан, Интер и Борусија

Италијанските фудбалски гиганти Јувентус, Милан и Интер се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, српскиот репрезентативец, Немања Матиќ, пренесува „Калчомеркато“.

Информациите од Италија се дека договорот на Матиќ истекува на крајот на сезоната, па веќе во јануари тој би можел да е достапен за клубовите, вклучувајќи го и германскиот вице-првак, Борусија Дортмунд од каде будно ја следат ситуацијата.

Проблем за повеќето клубови е годишната плата на Србинот од 7 милиони евра.

Се верува дека 31-годишниот Матиќ нема да добие нов договор на „Олд Трафорд“посебно затоа што се почесто е на клупата на „ѓаволите“.

Српскиот фудбалер веќе 5 години е во Англија каде освен за Јунајтед настапуваше и за Челси. Претходно во кариерата настапуваше и за Бенфика, Витесе и словачки Кошице.

Scroll to Top