Top Sport

Матиќ: Не сум Погба, ми треба сериозна фризура како на Гери Невил

Додека неговиот клупски колега Пол Погба предизвикува „ужас“ кај дел од фановите со тоа што ја средува својата фризура меѓу мечеви, Немања Матиќ ги „смири“ фановите на Манчестер јунајтед, велејќи дека тој нема да оди по тој пат.

Во интервју со „Гардијан“ пред саботното полуфинале од ФА купот против Тотенхем, српскиот играч од средниот ред објаснува дека е „едноставен“ човек кој сака да си ја заврши својата работа на „Олд Трафорд“.

„Не, нема да имам фризури како Погба. Јас сум поедноставен. Имам деца, и ако го направам тоа мојот син ќе го повтори. Морам да имам сериозна фризура како Гери Невил“, објаснува Матиќ.

Scroll to Top