Немања Матиќ, откако неодамна потпиша нов договор со Манчестер јунајтед, ги предупреди своите соиграчи дека во новата сезона нема да може да има изговори за неуспех и дека клубот мора да се бори за титулата во Премиер лигата.
„Ѓаволите“ последен пат беа англиски шампиони во 2013 во последната сезона на Сер Алекс Фергуон, по што четири тренери седнаа на клупата без успех – Дејвид Мојс, Луис ван Гал, Жозе Мурињо и сега, Оле Гунар Солскјер. Јунајтед лани завршија на третото место зад Ливерпул и Манчестер сити, но со огромна разлика од 30-тина поени.
„Од новата сезона нема да има изговори. Мора да одиме до максимум. Мораме да се бориме за титула и да не губиме поени кои лесно можеме да ги освоиме. Дозволивме Ливерпул да ја освои титулата на 10 меча пред крајот и тоа не смее да се повтори. Мора да играме со повеќе самодоверба, со повеќе одговорност. Мојата лична цел е да станам шампион со Јунајтед и мораме да им ветиме на навивачите дека ќе го дадеме максимумот. Како кога почнавме да играме по паузата со корона вирусот. Тоа беше Манчестер јунајтед. Мора да имаме низи од пет-шест победи, а потоа да губиме поени“, вели 32-годишниот Матиќ за официјалниот веб-сајт на клубот.