Top Sport

Матиќ: Ова не е среќа, подготвени сме за титула!

Манчестер Јунајтед е прв на табелата во Премиерлигата по 17 одиграни кола со 36 бода. Синоќа „ѓаволите“ со 1-0 го совладаа Барнли нагости, па по тој триумф свој коментар имаше српскиот дефанзивец, Немања Матиќ.

„Оваа победа покажа дека сме подготвени да се бориме за титулата. Задоволен сум од играта и од пристапот. Сега не чека дуелот со Ливерпул. Тоа е најголемото дерби во Англија. Одиме да се надигруваме, па ќе видиме до каде сме во однос на еден од најдобрите тимови во лигата. Подготвени сме. По 17 меча сме на чело на табелата, тоа покажува нешто. Не се работи за среќа, покажавме квалитет. Но не смееме да се опуштаме, мора да сме концентрирани до крај“ рече Матиќ.

Во последните три меча, Јунајтед има 3 победи, а „црвените“ на Клоп се со ефект од две нерешени и еден пораз.

Scroll to Top