Top Sport

Матиќ поминал само 24 минути на тренингот на Јунајтед

Иднината на Немања Матиќ во Манчестер јунајтед изгледа многу неизвесно, откако Србинот помина само 24 минути во тренинг-комплексот во Керингтон, неколку дена откако наместо да оди на гала-вечера со своите соиграчи беше на вечера со италијанскиот напаѓач на Вулверхемптон, Патрик Кутроне.

31-годишниот Матиќ не е во плановите на Оле Гунар Солскјер со само два настапи во Премиер лигата оваа сезона и не е на теренот по 2:0 поразот од Вест хем од 22 септември, по што е повеќе од изгледно дека тој ќе замине во јануари.

Ветеранот нема да има проблем да најде тим во Европа и веќе беше поврзуван со Интер, каде што би работел со поранешниот тренер на Челси (од каде што доје во Јунајтед), Антонио Конте.

Scroll to Top