Top Sport

Матиќ се налути и веќе не дава изјави за српските медиуми

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ реши никогаш да не дава изјави за српските медиуми пред Светското првенство во Русија поради „атмосферата“ во српската репрезентација.

Српските медиуми последните денови имаат „журка“ околу одлуката на селекторот Младен Крстаиќ да му ја одземе капитенската лента на Бранислав Ивановиќ и таа отсега да ја носи Александар Коларов. Ова доаѓа откако Србите го сменија претходниот селектор Славољуб Муслин, иако тој ги квалификуваше на Мундијалот со прво место во својата група.

Матиќ својата одлука ја донесе откако неколку портали објавија дека токму тој се потсмевал со поранешниот капитен Ивановиќ.

„Поради вакви лаги решив никогаш да не давам изјави за српските медиуми“, напиша Матиќ на Инстаграм.

Фото: ЕПА

Zbog ovakvih laži odlučio sam da više nikada ne dajem izjave za srpske medije.

A post shared by Nemanja Matic (@nemanjamatic) on

Scroll to Top