Top Sport

Мажиќ дебитираше во Кина, исклучи погрешен играч

Еден од најдобрите европски судии, Србинот Милорад Мажиќ, ја започна својата кариера во Суперлигата на Кина. Мажиќ потпишал договор до 2020 година, според кој годишно ќе заработува околу 500.000 евра.

Српскиот судија дебитираше на шагајското дерби помеѓу Шенхуа и актуените шампиони СИПГ.

Шампионите лесно се справија со колегите од Шенхуа победија 4:0, со головите на Гуарин, Лу, Оскар и Ахмедов.

На дербито Мажиќ го покажа својот авторитет, покажа четири жолти и еден црвен картон, но дури откако го консултираше ВАР-системот го исклучи вистинскиот фудбалер.

Мажиќ најпрвин црвен картон му покажал на Шилин Сун, но потоа ја исправил одлуката и му покажал црвен картон на вистинскиот играч, Џианџин Баи.

Scroll to Top