Top Sport

Мбапе, ако сака да напредува, мора да си замине од ПСЖ

Поранешниот тренер на Пари Сен-Жермен, Маурисио Почетино продолжива со низата интервјуа пред стартот на Светското првенство, откако за шпанскиот „Ел Паис“ посочи дека Килијан Мбапе ќе мора да си замине од францускиот клуб ако сака да напредува во својата игра и да освои „Златна топка“.

Французинот има 190 гола за ПСЖ по пристигнувањето во 2017 година од Монако, и иако потпиша нов богат договор со францускиот клуб, Почетино вели дека со трансфер неговата кариера може да стане само подобар.

„Неговата форма е во нагорна форма и отсега треба да го видиме најдобриот Мбапе со уште подобри резултати и скорови. Еволуцијата честопати се случува ако се замине од удобна позиција. Тоа што обнови со ПСЖ е добро за клубот и фановите, а за Мбапе… Тој треба да размисли дали со трансфер ќе дојде поблиску до ‘Златната топка’. Мбапе е помлад од Меси и Нејмар и уште незрел. Тој е животно, има одлична харизма, но мора да се пронајде. Лео и Неј се тотални фудбалери, кои се поодговорни за тимот“, вели Почетино.

Scroll to Top