Иако долго време се веруваше дека Реал Мадрид е неговата посакувана дестинација, многу поверојато е Килијан Мбапе да заврши во Ливерпул, бидејќи „кралевите“ едноставно немаат финансиска сила за ваков мега-трансфер ова лето, јавуваат шпанските медиуми.
Договорот на Мбапе завршува следното лето, така што ова е последна можност ПСЖ да заработи нешто на неговото заминување, иако Насер Ал-Хелаифи најави дека е „невозможно“ да се замисли ПСЖ без Мбапе. Според француските медиуми, ПСЖ ќе се обиде да го убеди 22-годишниот француски репрезентативец со огромна понуда, но и со амбициози засилувања ова лето.
Пол Погба, близок пријател на Мбапе и соиграч од репрезентацијата е можна опција, како и ветераните Серхио Рамос и Кристијано Роналдо, кои би донеле победнички менталитет во клубот.
Но, Ливерпул се јавува како неочекувана можна дестинација, бидејќи и самиот Французин неколку пати искажа почитување кон англискиот гигант. Сепак, да се реализира ваков трансфер, Ливерпул ќе мора да продаде некоја од своите ѕвезди, како Мохамед Салах или Садио Мане.