Ливерпул и Реал ќе се тркаат за потписот на Килијан Мбапе. Напаѓачот наводно вчера на челниците на ПСЖ им соопштил дека наредното лето ќе го напушти клубот.
Мбапе речиси цела година се поврзува со Реал Мадрид, но денес „Гардијан“ тврди дека Ливерпул решиле сериозно да се вклучат во трката за неговиот потпис.
Ливерпул во изминатите два трансфер-периоди речиси и да на потрошија пари на засилувања. Јасно е дека клубот има пари и дека се подготвени да инвестираат во Мбапе.
„Гардијан“ пишува дека трансферот би требало да изнесува помеѓу 200 и 300 милиони евра.