Килијан Мбапе, конечно, наполни 20 години, и по сè изгледа реши да порасне. Првото нешто – ги исфрли постерите на Кристијано Роналдо од својата соба.
Фотографијата на која Мбапе седи во својата соба со ѕид покриен со постери од Кристијано Роналдо е веќе добро позната, но сега пред новата 2019 година, Французинот реши да ја „апдејтува“ фотографијата – сега на ѕидот се само фотографии од младиот Французин.
Мбапе имаше фантастична 2018 година во која прерасна во вистинска фудбалска ѕвезда, освојувајќи го Лига 1 трофејот со Пари Сен-Жермен, Светското првенство со Франција и Копа трофејот како најдобар млад фудбалер на светот.