Иако денеска главната вест во Франција беше желбата на Килијан Мбапе да си замине од Пари Сен-Жермен веќе во јануарскиот преоден рок, вечерва на „Паркот на принцовите“, францускиот напаѓач постави нов рекорд по бројот на голови во ЛШ во дресот на „светците“.
Мбапе беше прецизен во 40. минута од белата точка во мечот со Бенфика, откако беше досуден „чист“ пенал за домашниот тим. Ова беше 31. гол на 23-годишниот Мбапе во европското елитно натпреварување во дресот на клубот од Париз, со што го помина Уругваецот Единсон Кавани.
ЛШ, 4.КОЛО, ПО 45 МИНУТИ
Милан – Челси 0:2
Борусија Дортмунд – Севилја 1:1
Селтик – РБ Лајпциг 0:0
Динамо Загреб – Ред бул Салцбург 1:1
Пари Сен-Жермен – Бенфика 1:0
Шахтјор Доњецк – Реал Мадрид 0:0
💥¡GOOOL DE MBAPPÉ!
🇫🇷 ¡El francés se convierte en el máximo goleador de la historia del PSG en Champions League superando a Cavani!pic.twitter.com/7Yry723m3z
— Post United (@postunited) October 11, 2022