Top Sport

Мбапе го „поздрави“ Бернабеу и Реал!

Иако веќе на лето можеби ќе го облече белиот дрес, Килијан Мбапе вечерва им е кошмар на навивачите на Реал Мадрид, откако по неколку одлични шанси и еден поништен гол во 39. минута од мечот конечно го совлада Тибо Куртоа и донесе 0:1 водство на Пари Сен-Жермен во реваншот од осминафиналето на ЛШ.

Мбапе, кој првиот меч во Париз го реши со гол во финишот на мечот, нормално предизвикува многу внимание во Мадрид по шпекулациите дека веќе е договорен за трансфер во „кралскиот“ клуб, на теренот засега беше нерешлива енигма за одбраната на тимот на Карло Анчелоти со две-три убави шанси и со еден поништен гол, пред во 39. минута да добие совршена топка од Нејмар и потоа мајсторски да ја заврши акцијата.

Реал сега мора да брка негатива од 0:2…

Scroll to Top