Италијанскиот голман Џиџио Донарума ја почна работата како фудбалер на Пари Сен-Жермен, откако се приклучи на францускиот гигант по завршувањето на неговиот договор со Милан на 30 јуни.
Во видео од ПСЖ, 22-годишниот Донарума добива пречек во соблекувалната од Килијан Мбапе, Серхио Рамос и поранешните фудбалери на Интер, Мауро Икарди, Ашраф Хакими и Рафиња, како и од тренерот Маурисио Почетино.
Bienvenue à Paris @gigiodonna1 ❤️?? pic.twitter.com/pVcV8bW0f4
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 5, 2021