Top Sport

Мбапе и сѐ е поинаку! Тинејџерот донесе победа за ПСЖ (видео)

Речиси цел час, Генгам беше на чекор до сензационална победа над францускиот шампион, но тогаш на сцена стапија славните и богати фудбалери на Пари Сен-Жермен, Нејмар и Килијан Мбапе, за пресврт и 3:1 победа.

Нолан Ру во 20. минута ја искористи катастрофалната грешка на одбраната на гостите, за да го совлада Џанлуиџи Буфон и да донесе водство за домаќините, резултат кој остана на сила до 53. минута, кога Нејмар израмни со гол од пенал.

Човек на одлука беше Килијан Мбапе, кој влезе во второто полувреме, откако доби совршена топка на „граница“ на офсајд за да го совлада противничкиот голман. Во 90-тата минута, Мбапе уште еднаш ја демонстрираше својата фантастична брзина за вкупни 3:1 и втора победа во вториот меч на тренерот Томас Тухел во Лига 1.

Scroll to Top