Top Sport

Мбапе: На ПСЖ му се потребни нови засилувања за да ја освои ЛШ

Иако клубот потроши повеќе од една милијарда долари на фудбалери во последната деценија, Килијан Мбапе смета дека Пари Сен-Жермен мораат да донесат засилувања ова лето ако сакаат да стигнат до крајната цел, титулата од Лигата на шампионите.

Тимот на Томас Тухел оваа сезона стигна до своето прво финале во ЛШ, но загубија од Баерн Минхен со 1:0, и тоа со гол од човекот кој помина низ академијата на ПСЖ, Кингсли Коман. Од ПСЖ ова лето заминаа Единсон Кавани, Тијаго Силва, Ерик Чупо-Мотинг и Томас Муние, додека единствени засилувања се напаѓачот Мауро Икарди, кој веќе беше на позајмица од Интер и замената на голманската позиција, Серхио Рико. Мбапе вели дека тоа не е доволно.

„Секако, јас сум оптимист дека можеме до титулата од Лигата на шампионите. Мора да го верувам, бидејќи ако ние не веруваме, тоа нема да биде можно. Во фудбалот мораш бргу да ги надминуваш поразите. Многу тимови загубија финалиња, и потоа победуваа. Пораснавме во финалето, бидејќи дотогаш имавме само четврт-финале. Но, мора да купуваме играчи, умно да инвестираме. Се надевам дека ќе имаме добри засилувања за следната сезона да сме уште подобри“, вели Мбапе за „Телефут“.

Scroll to Top