Top Sport

Мбапе: Не сме фаворити за титулата во ЛШ

Килијан Мбапе синоќа во Париз ја промовираше организацијата чија цел ќе биде да им помага на децата од сиромашните семејства, на возраст од 8 до 16 години.

Како дел од церемонијата Мбапе одговарал на прашања од публиката. Едно од прашањата се однесувало и на фаворитите за титулата во Лигата на шампионите.

Интересно младиот напаѓач не смета дека неговиот тим Пари Сен Жермен е меѓу фаворитите за престижниот трофеј.

„Оваа сезона, покрај стандардните фаворити (Реал, Барселона, Ливерпул) се наоѓа и Јувентус. Со Роналдо, Јувентус, го имаат тој елемент што им недостигаше за да направат разлика на теренот, а со Сари играат убав фудбал“, рекол Мбапе.

21 годишниот Мбапе, кого медиумите го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид, во кариерата има одиграно 30 натпревари во Лигата на шампионите на кои постигнал 19 голови, пет од нив во тековната сезона.

Scroll to Top