Потпретседателот на Монако, Вадим Василјев открива дека неговиот клуб прифатил понуда од Реал Мадрид за Килијан Мбапе, но Французинот решил да остане во својата татковина и да потпише за Пари Сен-Жермен.
Мбапе потпиша за ПСЖ прво како позајмен играч минатата сезона откако имаше одлична сезона за Монако во која со тимот од кнежевството стигна до полуфиналето на ЛШ и ја освои француската титула. Тој ќе го комплетира трансферот ова лето за 180 милиони евра.
Екс-шефот на ПСЖ, Унаи Емери тврдеше дека Мбапе сакал да оди во Реал или во Барселона, но Василјев вели дека тоа не е вистина бидејќи тој веќе еднаш го одбил Реал.
„Се сеќавам дека бевме на тренинг кога добивме повик од Реал Мадрид и ја прифативме нивната понуда од 180 милиони евра. Истиот ден го видов Мбапе и му кажав дека имаме понуда која е невозможно да се одбие од клубот од соништата и баравме одговор. Но, тој ми кажа дека сака да оди во Париз и тоа ми беше зачудувачки“, вели Василјев за „Канал плус“.
Фото: ЕПА