Top Sport

Мбапе откри каде ќе ја продолжи кариерата

Килијан Мбапе со една своја објава на „Твитер“ јасно им стави до знаење на сите каде ќе игра во новата сезона.

„Златното момче“ во некои комбинации се поврзуваше со Реал Мадрид, но како стојат работите од „кралскиот клуб“ ќе мора да чекаат до наредното лето за да тргнат во офанзива по младиот напаѓач.

Мбапе на „Твитер“ поставил фотографија во која тој е во новиот дрес на ПСЖ под која напишал: „Ова е Париз 2019/20“.

Килијан Мбапе минатата сезона ја заврши со учинок од 39 гола и 17 асистенции.

Scroll to Top