Килијан Мбапе синоќа во Андора го постигна 100 гол во професионалната кариера. По мечот новинарите најмногу се интересирале за иднината на младиот напаѓач.
Медиумските шпекулации го селат Мбапе од Париз во Мадрид, на „Сантијаго Бернабеу“. Според нив тој не бил задоволен од статусот што го има во тимот на ПСЖ, не бил во добри односи ниту со Нејмар, ниту со тренерот Томас Тухел.
„Сега не е време да зборувам за Реал Мадрид“, рекол Мбапе и дополнил.
„Секогаш поставувате исти прашања, но сега навистина не е време за вакви прашања“, рекол стрелецот на 39 гола минатата сезона за екипата на ПСЖ.