Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен и неговиот поранешен играч Килијан Мбапе ќе се појават пред заедничката жалбена комисија на Професионалната фудбалска лига (ЛФП) на 15 октомври.
Постапката започнува по жалбата на клубот кој не сака на Мбапе да му исплати 55 милиони заостанати плати, дознава денес „Франс“ од добро упатени извори.
Во зависност од одлуката на комисијата, можни се уште неколку постапки, пред Француската фудбалска федерација (ФФФ) и управниот суд.
Двете страни ќе се сретнат пред оваа комисија во вторник на 15 октомври во попладневните часови, велат изворите, потврдувајќи ја информацијата од весникот „Екип“.
Минатата недела ПСЖ поднесе жалба на одлуката на Професионалната фудбалска лига која му наложи да плати 55 милиони евра неплатени долгови на Килијан Мбапе, кој летово замина во Реал Мадрид.
Францускиот играч бара од ПСЖ 55 милиони евра, бидејќи тврди дека во последните месеци во парискиот клуб не добивал плата и бонуси како другите играчи. ПСЖ одбива да ја плати таа сума.