Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе е против плановите на ФИФА за воведување на Светско првенство секои две години, велејќи дека така ќе се намали значењето на турнирот и ќе се направи дополнителен товар на фудбалерите.
„Светско првенство секои две години? Не можам да кажам дали е исправно или не. Мундијалот е нешто уникатно што се случува секои четири години. Ако се игра секои две години ќе стане обично натпреварување. Веќе играме 60 натпревари секоја година. Да, во ред е да играме, но кога е премногу, тогаш ќе има проблеми. Ако сакате да имате квалитетен фудбал, мора да се дозволи фудбалерите да се одморат“, вели Мбапе.
Досега против проблемот се изјаснија од УЕФА и од јужноамериканската конфедерација КОНМБЕОЛ, кои пак се договорија репрезентациите од Јужна Америка да се вклучат во Лигата на нации на УЕФА.