Тинејџерската ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе влезе во традиционална арапска облека откако заедно со клубот заминаа на тренинг-кампот во Катар, кај сопствениците на клубот.
19-годишниот Мбапе заедно со Нејмар и Единсон Кавани се најзаслужни што ПСЖ во моментов се на 9 поени пред актуелните шампиони Монако, а ги очекува и дуел од осминафиналето на ЛШ со Реал Мадрид. Мбапе уште технички е играч на Монако, бидејќи до летниот преоден рок е „позајмен“ играч пред ПСЖ да плати 180 милиони евра за нивните услуги.
ПСЖ следниот меч го има против Рен на 7 јануари.