Тинејџерската ѕвезда на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе открива дека преговарал со Реал Мадрид пред да се пресели во француската престолнина, но инсистира дека нема желба да оди кај европскиот шампион.
19-годишниот Мбапе постигна 27 голови во сите натпреварувања за Монако во сезоната 2016/17, предводејќи ги до титулата во Лига 1, пред да замине за ПСЖ за 180 милиони евра (кои ќе бидат исплатени следното лето, бидејќи играчот сега е официјално позајмен).
„Вистина е дека зборувавме, но тоа е во минатото и за мене и за Реал Мадрид“, изјави Мбапе за „Марка“.
Трансферот на „Паркот на принцовите“ поминува одлично за Мбапе, кој постигна 12 гола досега. Со осумте гола во француското првенство, тој помогна ПСЖ да направи предност од девет поени на табелата, додека четирите гола во ЛШ помогнаа за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.