Top Sport

Мбапе се врати на тренинзи со ПСЖ

Килијан Мбапе учествуваше на тренинзите на Пари Сен-Жермен во Лисабон пред пресметката со Аталанта во четврт-финалето во среда, давајќи им надеж на парижаните дека ќе биде подготвен за мечот по повредата добиена во финалето на Купот на Франција.

Мбапе доби тежок удар на скочниот зглоб во дуелот со Сент-Етјен на 24 јули и првичните најави кажуваа дека тој нема да биде подготвен за мечот во среда во 21.00 часот, но тој отпатува во Португалија и сега е именуван во тимот.

Тренинзите во Фаро започнаа вчера, со попладневни тренинг-сесии поради жешкото време, и денеска Мбапе се врати на работата со своите колеги. Марко Верати сигурно нема да игра против Аталанта, а интересно повреда доби и тренерот на ПСЖ, Германецот Томас Тухел, кој скршил коска во своето стапало.

Scroll to Top