Top Sport

Мбапе „типува“ на Меси за „Златната топка“: Тој беше едноставно најдобар

Иако двајцата се меѓу 30-те номинирани за „Златната топка“ на „Франс фудбал“, ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе вели дека Лионел Меси е фаворитот да ја освои шестата индивидуална награда бидејќи „едноставно го заслужува тоа“.

Меси постигна неверојатни 51 голови во 2018/19 за Барселона и аргентинската репрезентација, предводејќи ги Каталонците до нова титула од Ла лига, а веќе пет пати ја освојуваше титулата – 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015.

„Дефинитивно Меси. Во сите индивидуални категории, тој беше најдобриот оваа година“, изјави Мбапе во интервју за германскиот „Дер Шпигел“.

Меси е еден од четирите фудбалери на Барселона кои се кандидирани, заедно со Марк-Андре Тер Штеген, Антоан Гризман и Френки де Јонг, додека покрај Мбапе и Маркињос од ПСЖ е меѓу кандидираните. Церемонијата за доделување на наградите се оддржува на 2 декември во Париз.

Scroll to Top