Top Sport

Мбапе влезе во историјата на Лигата на шампионите

Килијан Мбапе синоќа во Бриж испиша историја во Лигата на шампионите. Напаѓачот на ПСЖ на теренот влезе во 52 минута и во наредните 22 минути намести еден и постигна три гола.

20 годишниот Мбапе во кариерата има одиграно 27 натпревари на кои постигнал 17 гола. Мбапе стана најмладиот фудбалер што успеал да постигне најмалку 15 гола во Лигата на шампионите. На листата ги мина Лео Меси и Раул.

Интересно Мбапе го постигна 100 хет-трик во историјата на Лигата на шампиони, а исто така е првиот играч по 2008 година кој како резерва запишал хет-трик.

Scroll to Top