Top Sport

Мбапе влезе во историјата, најмлад играч со 100 гола во кариерата

Килијан Мбапе често се споменуа како легитимен наследник на играчите што ги обележаа последните 15 години во светскиот фудбал, Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Едногласни се мислењата дека Мбапе во иднина ќе добие најмалку една „Златна топка“.

Младиот напаѓач на ПСЖ, во средата, успеа да ги надмине Меси и Роналдо.

За каков рекорд станува збор?

Мбапе, на возраст од 20 години и 11 месеци го постигна 100 гол во кариерата. Тој погоди во победата на ПСЖ над Галатасарај (5:0) во Лигата на шампионите. Мбапе досега има постигнато 73 гола за ПСЖ и 27 за Монако.

За споредба, Роналдо 100 гол го постигнал кога имал 22 години и 11 месеци, на 27 јануари 2008 година, додека Меси до стотката стигнал на возраст од 22 години и шест месеци, на 16 јануари 2010 година.

Scroll to Top