Top Sport

Мбапе збесна кога Тухел го повлече од теренот (Видео)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен рутински го совладаа Монпелје со 5:0. Петмина играчи ги постигнаа головите: Сарабија, Ди Марија, Мабапе, Курзава и Конгре го ја погоди сопствената мрежа.

Два детали го обележаа овој натпревар. Бојата на косата на Нејмар и лутиот Килијан Мбапе.

Младиот напаѓач ги покажа своите фрустрации во моментот кога тренерот Томас Тухел реши да го повлече од теренот во 65 минута.

Тухел се обиде да му објасни зошто го прави тоа, меѓутоа на снимката се забележува дека Мбапе не се согласува со него.

Комплетната ситуација може да ја видите тука.

Scroll to Top