Бурно било на „Стенфорд Бриџ“ по завршувањето на натпреварот помеѓу Челси и Барнли (2:2). Челси испуштија победа против аутсајдерот и можност да се „одлепат“ од ривалите во борбата за четвртата позиција на табелата во Премиер лигата.
На теренот започна да врие во финишот на натпреварот, кога гостите на сите можни начини се обидуваа да го сочуваат резултатот 2:2. Најпрвин збесна менаџерот Маурицо Сари, тој протестираше дека гостите „крадат“ од времето, доби жолт картон, а откако Матео Ковачиќ беше опоменат од судијата Кевин Френд, италијанскиот тренер поради бурна реакција беше испратен во соблекувалната.
Потоа на теренот Давид Луиз се обиде да се пресмета со Барнс, а откако мечот заврши, Антонио Ридигер кој поради повреда не игра за Челси, влезе најпрвин во вербална расправија со тренерот на голманите на Барнли Били Мерсер.
Помошниците на Сари спречија инцидент на теренот и пред телевизиските камери, но како што јавиваат англиските медиуми, метеж и пресметка имало пред соблекувалните.
Сари не се појавил на прес конференцијата, а тренерот на Барнли Шон Дајч, рекол дека не видел ништо.
? Burnley one point closer to safety
? Chelsea into the top 4? Boos at full time
? Bit of a rumpus going down the tunnel pic.twitter.com/Fnc4sLBetq— Soccer AM (@SoccerAM) April 22, 2019