Top Sport

Медиумите не можат да им се изначудат на грешките на Димитиревски

Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Ереван доживеа фијаско во натпреварот од четвртото коло, во Д-дивизијата во Лигата на Нации. Македонија загуби од Ерменија со 4:0, со што ја прекина серијата на успешни резултати. До синоќешниот меч „црвени-жолтите“ немаа пораз на десет натпревари.

Во центарот на вниманието беше голманот Столе Димитиревски, кој правеше неверојатни грешки, иако по мечот селекторот Игор Ангеловски, се обиде барем малку да го „рехабилитира“.

„Многумина грешеа и поради тоа резултатот е ваков. Јас сум најмногу виновен. Немојте да го обвинувате голманот, не е тој виновен. Јас сум тој што го бира составот“, рекол Ангеловски.

Комичните голови што ги прими Димитревски се тема на медиумите од Европа (Sky Sports, L`equipe) и регионот (Sportklub.com , Index.hr, B92.net/sport, sportsport.ba).

 

Scroll to Top