Top Sport

Мегвајр исфрлен од англиската репрезентација

Англискиот селектор Герет Саутгејт потврди дека капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегвајр нема да игра на мечевите против Исланд и Данска во Лигата на нации на УЕФА откако денеска тој беше осуден на 21-месечна условна казна затвор во Грција за напад, опирање за апсење и обид за поткуп на полицаец.

Саутгејт денеска првично го повика Мегвајр во составот, објаснувајќи дека му верува на неговата верзија на настаните, но по судската пресуда во Грција, тој го смени мислењето.

„По развојот на настаните, потврдувам дека го повлекувам Хери Мегвајр од тимот за мечевите со Исланд и Данска. Како што кажав претходно, ќе ги почекам дополнителните информации. Зборував со Манчестер јунајтед и со фудбалерот и ја направив оваа одлука во најдобар интерес на сите страни“, изјави Саутгејт.

Мегвајр е стандарден првотимец во репрезентацијата од 2017 година, и има вкупно 23 настапи за репрезентацијата и беше дел од тимот кој беше на СП во Русија во 2018 и постигна еден гол. Неговото место на централната бековска позиција ќе го преземе Ерик Даер, Џо Гомез, Мајкл Кин или Тајрон Мингс.

Scroll to Top