Top Sport

Мегвајр: Манчестер јунајтед мора да освојува титули

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегвајр вели дека во иднината на клубот мора да има освојување на трофеи, а пласманот во топ 4 и место во Лигата на шампионите треба да биде „апсолутниот минимум“.

Од јануари, „ѓаволите“ успеаја да се искачат на третото место на табелата во Премиер лигата, враќајќи се во елитното европско натпреварување, а сега се очекува да се донесат големи засилувања во летниот преоден рок за градење на тим кој може да се бори за титули.

Мегвајр вели дека не треба да се задоволуваат со минималните успеси.

„Затоа дојдов во овој клуб, да играм во Лигата на шампионите. На почетокот на сезоната не веруваа во нас, а сега сите велат: ’Па, тоа се очекува од Манчестер јунајтед’. Работевме напорно, станавме подобар тим и тоа беше важно да се направи оваа сезона. Не треба да сме среќни со борба за топ 4, тоа не сме ние. Знаеме дека нема за една сезона да ја надополниме разликата од врвот, но иднината треба да е за освојување на трофеи од Премиер лигата и од другите натпреварувања“, вели Мегвајр.

Јунајтед се враќаат во акција на 5 август кога го играат вториот меч од осминафиналето на Лига Европа против австрискиот ЛАСК Линц, откако првиот меч го добија со 5:0.

Scroll to Top