Хери Мегвајр успеа да ги „освои“ навивачите на Манчестер јунајтед по само еден натпревар, откако фановите веднаш му смислија навивачка песна на дефанзивецот.
Англискиот репрезентативец блесна во мечот против Челси, веднаш оправдувајќи ги 80-те милиони фунти кои ги платија „ѓаволите“ на Лестер, а веста дека тој одбил повисока плата за трансфер во Манчестер сити го направија инстант-ѕвезда.
Навивачите на „Олд Трафорд“ веднаш ја адаптираа песната на англиските навивачи за Мегвајр, пеејќи со позадина на славната мексиканска песна „Ла бамба“, но во исто време посочувајќи ја веќе познатата голема глава на Англичанецот.
„Хери Мегвајр, Хери Мегвајр. Тој ги одјеба Лестер за Манчестер, неговата глава е огромна“.
Текстот во оригинал е вака:
M, U, F, C!
Harry Maguire!
Harry Maguire!
He f*cked off Leicester,
For Manchester,
His head’s f*cking massive!