Top Sport

Мегвајр врескал: Е.и ја грчката полиција, е.и ја грчката цивилизација?

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегвајр врескал „Е.и ја грчката полиција, е.и ја грчката цивилизација“ додека полицијата се обидувала да го приведе во Миконос по тепачката, тврди еден од полицајците.

Англичанецот минатата недела беше осуден за напад на полиција, опирање на апсење и обид за поткуп откако полицијата растурила тепачка пред еден бар на островот Миконос. Тој се жалеше на оваа одлука и сега чека ново судење.

Според грчкиот весник „Прототема“, еден од полицајците кои го апселе 27-годишниот Мегвајр пријавил дека добил низа навреди од фудбалерот.

Според него, Мегвајр викал: „Е.ете се сите, е.и се, е.и ја грчката полицја, е.и ја Грција, е.и ја грчката цивилизација“, по што го турнал полицаецот и го клоцнал по ногата. Според него, насилството продолжило и во полициската станица, кога Мегвајр го фрлил полицаецот на земја, по што тој добил повреда на раката и грбот.

Верзијата на Мегвајр е дека ја бранел својата 20-годишна сестра Дејзи од двајца Албанци кои наводно и инјектирале дрога, по што мислел дека е киднапиран од лажна полиција.

Scroll to Top