Top Sport

Мејер ќе го напушти Шалке

Макс Мејер по речиси една деценија по завршувањето на сезоната ќе го напушти бундеслигашот Шалке. Повремениот германски репрезентативец на 14-годишна возраст во 2009 година од Диузбург пристигнал во Гелзенкирхен. Мејер ги поминал сите репрезентативни селекции на Германија, а за сениорскиот тим има забележано пет настапи.

Макс Мејер дебито за Шалке го имал во 2013 година. Досега настапил на 145 првенствени натпревари и постигнал 17 гола.

Клубот потврди дека Мејер по завршувањето на сезоната ќе замине како слободен играч.

„Очекуваме дека Макс ќе го напушти клубот. До клубот се уште нема пристигнато никаква понуда“, рекол спортскиот директор на шалке, Кристијан Хејдел.

Наводно за 22-годишниот фудбалер интерес покажале Атлетико Мадрид и Барселона и неколку екипи од Премиер лигата.

Инаку покрај Мејер, Шалке по завршувањето на сезоната ќе остане без уште еден значаен фудбалер. Репрезентатовецот Леон Горецка ќе се пресели во Баерн.

Scroll to Top