Хери Мегвајр бил „почестен“ од шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Манчестер јунајтед и би сакал да биде дел од обновениот тим на Оле Гунар Солскјер, со што трансферот на англискиот бек е поблиску до реализација, јавува „Гол“.
„Ѓаволите“ се обидуваат да се договорат со Лестер за трансферот на 26-годишниот Мегвајр, кој совршено би се вклопил во идејата на Солскјер да се ангажираат докажани млади британски фудбалери. Јунајтед наводно понудиле 70 милиони фунти за фудбалерот кој призна дека како дете навивал за Јунајтед, но Лестер би сакале дополнителни 10 милиони фунти.
Лестер го комплетираа најскапиот трансфер во својата историја, носејќи го за 40 милиони фунти Јури Телеманс од Монако, така што трансферот може да се реализира многу бргу.