Играчот од средниот ред на Хал сити, Рајан Мејсон вели дека очекува да добие зелено светло за кам-бек на фудбалските терени 12 месеци по страшната повреда на главата.
26-годишниот Мејсон беше однесен во болница на итна операција откако доби скршеница на черепот по судирот со глави со дефанзивецот на Челси, Гери Кејхил во јануари 2017 година. Лекарите кои интервенираа, ја споредија неговата повреда со повреди од сообраќајни несреќи, но сега Мејсон сака да се врати на терените.
Мејсон стана татко по првпат и неговата партнерка Рејчел Питерс, откако фудбалерот кратко по несреќата изјави дека додека бил повреден имал привидение на Рејчел и две деца.
„Тешко е да се најдат зборови за годината која е зад мене. Имав вистински физички и ментален предизвик кој го надминав, и годината ја завршив со мојот син во рацете. Ќе се вратам посилен“, напиша неодамна Мејсон.