Top Sport

Мејсон Гринвуд нема да игра за Јунајтед оваа сезона

Мејсон Гринвуд нема да игра за Манчестер јунајтед оваа сезона додека трае интерната истрага во клубот, јавија повќе англиски медиуми. 21-годишниот Англичанец беше суспендиран од клубот по неговото апсење во јануари 2022 со обвиненија за силување, насилничко однесување и закана со убиство, но неодамна полицијата ги повлече сите обвиненија.

Иако е „чист“ пред законот, во клубот сакаат да направат своја истрага за случките и обвинувањата кон фудбалерот кој излезе од нивната академија, процес што може да трае со месеци, што значи дека Гринвуд ќе остане надвор од тимот до крајот на сезоната по што ќе се размислува за неговата иднина.

Гринвуд има договор со Јунајтед до 2025 година, и постојано земаше плата во текот на суспензијата. Клубот може да се реши да го врати на тренинзи, но и да го исплати неговиот договор и да го отпушти од клубот.

Scroll to Top