Top Sport

Мекалистер и Каиседо завршија со Брајтон бидејќи таква е „политиката на клубот“

Менаџерот на Брајтон, Роберто де Ѕерби признава дека неговиот клуб ќе остане без своите најдобри играчи од средниот ред, Алексис Мекалистер и Моисес Каиседо ова лето, бидејќи таква е „политиката“ на клубот.

По 2:1 поразот од Астон вила, 24-годишниот Мекалистер беше во солзи, јасно покажувајќи дека тоа е последниот меч во дресот на клубот, по најавениот трансфер во Ливерпул. Покрај него, 21-годишниот Еквадорец, Каиседо најверојатно ќе заврши во Арсенал, кои понудија 70 милиони фунти за него во јануарскиот преоден рок.

„Мислам дека ова е последниот меч за Алексис и Моисес и жалам за тоа. Тие се двајца фантастични момци и двајца големи играчи. Политиката на Брајтон е таква. Мислам дека е вистински потег да им се дозволи да си заминат, да играат на повисоко ниво. Ние сме подготвени да најдеме други големи играчи за да играме без нив“, вели Де Ѕерби.

Scroll to Top