Новото засилување на Ливерпул, Аргентинецот Алексис Мекалистер открива дека решил да игра со бројот 10 и да ја одбие „осумката“ на грбот во знак на респект кон легендата на клубот, Стивен Џерард.
Мекалистер пристигна на „Енфилд“ од Брајтон за 35 милиони фунти, како прв чекор во „ремонтот“ кој го прави Јирген Клоп, и можеше да го добие дресот со број 8 по заминувањето на Наби Кеита.
„Зборував со мојот татко, кога ме праша кој број ќе го носам во Ливерпул. Знаев дека можам да бирам, дека можам да имам и 10 и 8. Но, бројот 8 е многу важен во тој клуб поради Стивен Џерард и затоа се решив да пропуштам таква шанса. На крајот го избрав 10, но и 8 е број кој навистина го сакам“, вели Мекалистер.
Сепак, и бројот кој го избра, 10, има многу „наследство“ на „Енфилд“, тој број го носеа и Садио Мане и Мајкл Овен.