Top Sport

Мекклин: Ако Рајс не е Ирец, нека се гони во Англија!

Одлуката на Деклан Рајс наместо за Република Ирска да игра за Англија предизвика голема дискусија во Ирска, а најгласен беше фудбалерот на Стоук сити, Џејмс Мекклин.

Рајс, кој веќе имаше три настапи за сениорската репрезентација на Република Ирска, минатиот месец го извести селекторот Мик Меккарти дека решил да игра за Англија. Мекклин го кажа своето мислење во интервју за ирската „РТЕ“.

„Тој велеше дека е горд Ирец. Потоа велеше дека е горд Ирец. Ако е двете, тогаш со среќа, но не верувам во тоа. Или си едно, или си друго. Јас играв за Дери сити кога ме повикаа да играм за Северна Ирска и ги одбив бидејќи тоа не е моја земја. Јас сум Ирец. Ако не е горд да игра за Република Ирска, нека се гони нека игра за кого сака. Не само Деклан, туку било кој друг. Јас израснав на островот Ирска, и тоа е едноставно“, вели Мекклин.

Scroll to Top